Свет

Истраживање во Јапонија докажува дека маските штитат, но не можат целосно да го спречат ризикот од инфицирање со КОВИД 19

Јапонски истражувачи докажаа дека маските можат да обезбедат заштита од честичките на коронавирусот во воздухот, но дури и маски со професионален квалитет не можат целосно да го отстранат ризикот од зараза.

Научниците од Универзитетот во Токио изградија безбедна комора со глави од кукли свртени една кон друга. Една глава, опремена со распрскувач, симулирала кашлање и исфрлила вистински честички од коронавирус. Втората кукла имитирала природно дишење со комора за да собере вируси што минуваат низ дишните патишта.

Било утврдено дека памучната маска го намалува примањето на вирусот до 40 проценти во споредба со ситуација кога воопшто нема маска.

Медицинската маска N95, користена од медицински експерти, ги запира честичките на вирусот до 90 проценти.

Сепак, дури и кога маската N95 е целосно прицврстена на лицето, некои честички од вирусот успеваат да се апсорбираат.

извор: Макфакс

На почеток