Македонија

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присустуваат на седницата за Законот за заштита од заразни болести но ќе бидат воздржани

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска изјави дека пратениците од неговата партија ќе присуствуваат на седницата на чиј дневен ред ќе биде Закон за заштита од заразни болести, предвидена за 27 октомври, но дека ќе гласаат воздржано за законскиот предлог.

– Самиот Закон за заштита од заразни болести не нуди решенија, односно мерки кои ги очекуваат граѓаните, туку тие треба да ги достави Владата. Во самиот вовед на Законот пишува дека се наметнува потреба за ревидирање на прекршочните одредби од Законот за заштита на населението од заразни болести, што е сосема поразлично од она што го кажува изминатите два дена министерот за здравство Венко Филипче, рече Мицевски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ дури побарала седница за овој Закон да се одржи вчера или денеска, посочувајќи дека поголем број од пратениците веќе биле во собраниската зграда поради комисиската расправа за ребалансот.

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, ќе направат кворум, ама ќе гласаат воздржано, затоа што повторно не наидовме на добра волја од страна на Владата и на Министерството за здраство за одредени мерки, истакна Мицевски.

 

На почеток