Имаме работа со влада за која магарињата вредат повеќе од човечките животи. Оваа магарешка влада на Заев е најнеуспешната во овие 29 години независност.
Иако сакаат да ја локализираат одговорноста во само еден човек Лидија Димова, Мицкоски вели можам искрено и од срце да ви кажам дека не е таа причината за лошото раководење на институциите.
„Таа е последица и добар пример за лоша работа, за тоа како се краде народот, а богами и Европските пријатели. Ваквите магарешки работи на Заев се само неморалната вертикала во македонската политика каде се срушени сите граници за политичкиот морал“, рече Мицкоски.
Ако мислевме дека транзицијата беше нашиот најтемниот период, Заев со неговото работење не разубеди дека и од лошото има и полошо, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,
Мицкоски истакнува дека проблемот е во нашиве првенци на власт што молчат на таквите провокации, не затоа што се мудри, туку затоа што знаат само да калкулираат. Ним парите им се важни.
-Еден бугарски политичар ми вели ние го бараме само она што Заев ни го вети, не знам вели како може така на дневна основа да ги менува само мислењата. Му велам не знам што ти ветил, ама знам дека често ветува, а уште почесто не си ги одржува ветувањата. Тебе ти е му велам прво искуство со него, ама на народот во Македонија секој ден му е исто. И не пробувај да разговараш со Пендаровски, затоа што Стево мисли исто како што мисли и Заев, најпрвин ќе рече дека Гоце Делчев бил бугарин, па потоа пред предвремените парламентарни избори ќе рече дека не е така, денеска кој знае што може да каже – истакна Мицкоски.
-Доколку навистина биде прифатено од страна на оваа политичка мафија предводена од Зоран Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла бил Македонец бидејќи бил роден на географската територија Македонија, а по националност бил бугарин, нашиот мајчин македонски јазик е лингвистичка форма на бугарскиот тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава и дополнително понижување. И одма да кажам дека ако оваа мафија на чело со Заев донесе таква одлука следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истата таа одлука веднаш ќе ја поништи и никогаш понатаму нема да ја почитува. Нека остане кажано и запишано, да не биде потоа не сме кажале и не сме предупредиле, нагласи Мицкоски.
Тој ја обвини власта дека си игра со нашата историја.
„Работата дојде до таму што од другава страна ќе праќале полк да ги руши спомениците на хероите во Скопје. И за тоа нема реакција. Народот ќе каже по улица онака разговорно, нашле село без кучиња. Проблемот е во нашиве првенци на власт што молчат на таквите провокации, и не затоа што се мудри, туку затоа што знаат само да калкулираат. Ним парите им се важни. Еден бугарски политичар ми вели ние го бараме само она што Заев ни го вети, не знам вели како може така на дневна основа да ги менува само мислењата. Му велам не знам што ти ветил, ама знам дека често ветува, а уште почесто не си ги одржува ветувањата. Тебе ти е му велам прво искуство со него, ама на народот во Македонија секој ден му е исто. И не пробувај да разговараш со Пендаровски, затоа што Стево мисли исто како што мисли и Заев, најпрвин ќе рече дека Гоце Делчев бил бугарин, па потоа пред предвремените парламентарни избори ќе рече дека не е така, денеска кој знае што може да каже“, кажа Мицкоски.
„И одма да кажам дека ако оваа мафија на чело со Заев донесе таква одлука следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истата таа одлука веднаш ќе ја поништи и никогаш понатаму нема да ја почитува. Нека остане кажано и запишано, да не биде потоа не сме кажале и не сме предупредиле“, рече Мицкоски.
Тој кажа дека Македонија мора да отпочне преговори со Европската Унија час поскоро.