Македонија

Дали т.н. Мериот коалиција ќе му даде поддршка на Јанчев за најавениот протест за смана на Мицкоски?

Дали т.н. Мериот коалиција ќе даде поддршка на најавениот протест на 2 ноември пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ? Таа дилема треба да биде расчистена во текот на денешниот ден, пишува vocentar.com. 

Доцна синоќа тој на својот фејсбук профил најави протест за 2 ноември за оставка на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Фејсбук статусот на Јанчев го објавуваме во целост:

Почитувани,
Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест на 02.11.2020 година ( понеделник ) во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ( Белата палата).
Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицковски.

Инаку, во последната емисија Во Центар, Јанчев ја најави својата кандидатура за лидер на партијата:

Градоначалникот на Кавадарци и поранешен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев изјави дека ќе се кандидира за лидер на ВМРО ДПМНЕ бидејќи партијата оди во погрешен правец и бележи само порази на политичката сцена.

Според Јанчев мора да се прекине со праксата лидерот на партијата да биде избран или поставен од мала група луѓе и потоа тој да им биде должник и да работи за нивните интереси. Јанчев смета дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ треба да биде избиран со гласање на целокупното членство.

Јанчев уште на 16 јули, еден ден по изгубените избори, побара оставка од Мицкоски.

 

На почеток