Коментари

Пратеничката Славјанка Петровска позитивна на КОВИД 19

Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на Собрание. Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска, напиша на својот ФБ профил пратеничката Славјанка Петровска.

Петровска во објавата додава:

Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се.

На почеток