Македонија

Шеесет и петгодишна жена загина во пожар во стан во Гостивар

Шеесет и петгодишна жена загина во пожар во стан во Гостивар. Според информациите на МВР, вчера Т.А.(38) пријавил во полиција дека во зграда на ул. Илинденска во Гостивар, во која што е управител, во текот на ноќта настанал пожар во стан при што внатре била пронајдена мртва З.А.(65) од Гостивар, како последица на опожарувањето.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гостивар.

На почеток