Десеттина пациенти кои се лекуваат во битолскиот хоспис „Сју Рајдер” се заболени од Ковид-19. Битолскиот хоспис „Сју Рајдер” е работна единица на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13. Ноември”- Скопје.
Позитивни на Ковид-19 се лица кои биле тестирани во текот на вчерашниот ден, потврдија за МИА претставници на здравствените власти.
Со појавата на Ковид-19 и мерките кои ги препорача Министерството за здравство, влезот во хосписот „Сју Рајдер” во Битола е забранет за сите надворешни и невработени лица, вклучувајќи ги и семејствата на лицата кои се згрижени во хосписот и затоа е непознато како се заразиле пациентите во просториите на хосписот.