Некатегоризирани

Скопјани мака мачат и со загадувањето и бегаат на Водно, но оттаму се гледа магла, но не и градот

Покрај со КОВИД19, Скопјани мака мачат и со загадувањето. Само две од триесетина мерни станици во Скопје, покажуваат дека воздухот не е загаден. Жителите на Главниот град велат дека неможат да дишат. Воздухот мириса на чад, велат тие. Дека воздухот е загаден е забележливо и од маглата.

Утрово погледот од Водно кон Скопје е разочарувачки. Од таму освен густа магла, градот не може да се види.
Загаден воздух, според апликацијата „Мој воздух“ детектираат мерните станици МЗТ-Гази Баба, Автокоманда, Кисела Вода односно мерната станица во близина на улицата „Борис Трајковски“, Аеродром кај Тобако, Маџир Маало, Клинички Центар, Центар, мерната станица кај „Излет“ во близина на булеварот „Партизански одреди“, мерната станица во Градски парк, Козле, како и мерната станица во СУГС Никола Карев во Карпош 3, Ѓорче Петров, Бардовци.
Делумно загаден воздух покажуваат мерните станици во Аеродром кај Реонски центар и булеварот „Јане Сандански“, Ново Лисиче, Гази Баба, Црниче, Железара, Центар 2, Карпош 2, Алуминка, Карпош 4, Топанско Поле.
Високо ниво на загаденост покажува мерната станица во Кисела Вода, лоцирана во близина на улицата „Димо Хаџи Димов“.

Чист воздух, покажуваат мерните станици лоцирани кај Министерството за внатрешни работи и Сопиште.

Инаку долготрајната изложеност на загадување на воздухот може да доведе до зголемување на ризикот од смрт од Ковид-19 во светот во просек за околу 15 проценти, покажуваат неодамна објавеното меѓународно истражување. Студија објавена во списанието „Кардиоваскјулар рисерч“ (Cardiovascular Research) се обидува да процени до кој степен загадувањето на воздухот, кое веќе предизвикува предвремена смрт, може да влијае на смртноста од Ковид-19.
Тој однос може да биде околу 19 проценти во Европа, 17 отсто во Северна Америка и околу 27 проценти во источна Азија, според професорот Џос Леливел од Институтот за хемија Макс Планк во Мајнц, Германија, објави Сител.
Долготрајната изложеност на загадување на воздухот придонесе за 29 отсто од смртните случаи од Ковид во Чешка, 27 отсто во Кина, 26 отсто во Германија, 22 отсто во Швајцарија, 21 отсто во Белгија, 19 отсто во Холандија, 18 отсто во Франција и 15 отсто во Италија, 14 проценти во Велика Британија, 12 проценти во Бразил, 11 проценти во Португалија, девет проценти во Шпанија, шест проценти во Израел, три проценти во Австралија и само еден процент во Нов Зеланд.
Истражувачите користеле претходни американски и кинески епидемиолошки податоци за загадувањето на воздухот и Ковид-19 и САРС од 2003 година, болести слични на новиот коронавирус. Во нивните пресметки, тие ги комбинираа со сателитски податоци за глобално изложување на мали честички на загадување (PM2, 5) и податоци од мрежи за следење на загадувањето на почвата.
Авторите не утврдуваат врска помеѓу директната причина и последиците од тоа загадување врз смртноста од Ковид-19.

На почеток