Свет

Германски брачен пар со турско потеклоја создадоја првата вакцина за КОВИД 19

Германски сопружници со турско потекло избија во прв план во светската трка за развој на вакцина против ковид-19, објави СДК.МК.

Угур Шахин (55) е извршен директор на германската биотехнолошка компанија „БиоНТек“, што ја основал заедно со сопругата и член на управниот одбор Озлем Туречи (53) и со својот поранешен професор Кристоф Хубер, австриски експерт за рак.

„БиоНТек“ и американскиот партнер „Фајзер“ пред два дена објавија дека нивната експериментална вакцина обезбедува 90-процентна заштита од ковид-19, според раните податоци од третата фаза на тестирањето. Таа е една од 11-те вакцини низ светот кои се во завршна фаза од тестирањето и светот никогаш досега не видел вака брз развој на вакцина, за што обично се потребни седум-осум години. Шахин и Туречи го нарекоа својот проект „Светлосна брзина“.

На почеток