Скопје

(ВИДЕО) Земјотресот ги вознемири и животните од скопската зоолошка градина

Силниот земјотрес утрово ги вознемири и животните од зоолошката градина во Скопје. На социјалната мрежа Твитер, утрово беше објавено видео во кое се слушаат тажни крици кои доаѓаат од зоолошката градина.

Земјотресот се случи во 4 часот и 54 минути.

 

Епицентарот е во Вруток, Гостивар, со јачина од 5.0 степени според Рихтеровата скала, но се почувствува и во Скопје и уште неколку градови низ Македонија, но со послаб интензитет.
Точната јачина, епицентарот и длабочината на земјотресот може да се ревидираат во следните неколку часа или минути, бидејќи сеизмолозите ги разгледуваат податоците и ги средуваат своите пресметки.

 

На почеток