Скопје

Во Тафталиџе се продава државно земјиште за изградба на куќа

За изградба на станбен објект од приземје, два ката и поткровје, Општина Карпош по пат на јавно наддавање продава државно земјиште во Тафталиџе. Станува збор за дел од КП 6100/2, 6103/1и 6097/4 во рамките на ДУП за Градска четврт 3 09, со површина на градежна парцела од 368 метри квадратни, лоцирана во близина на пожарната станица во Карпош, на дел кој е сега зелена површина, објави slobodenpecat.mk. 

Во огласот од Општина Карпош се вели дека почетната цена на електронското јавно наддавање, кое според објавата треба да се одржи утре во 10 часот и да трае 15 минути, е 61 денар за метар квадратен, односно само 22.480 денари за вкупната површина, но бидејќи станува збор за јавно наддавање, цената може да „скокне“ и до 500 евра за квадрат.

На прашањето зошто се продава земјиште на толку атрактивна локација по толку ниска цена, градоначалникот Стефан Богоев вели дека почетната цена за продажба на државно земјиште ја утврдува Владата, со акт – Уредба и Тарифник за продажба на земјиште во државна сопственост по категории и реони. Според него, јавното наддавање треба да се одржи заутре, на 18 ноември, ден подоцна од она што е објавено во огласот.

Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

На почеток