Ова се историски моменти за Република Македонија, за сите граѓани на оваа држава, бидејќи секоја генерација има своја битка, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ ја понижи државата надвор, со договорот со Грција, со кој се направени големи отстапки и трајно се нарушени позициите на Република Македонија, и не е во интересите на државата“, потенцираше Трипуновски.
Со овој договор, додаде тој, се губи идентитетот, историјата и културата.
„Ќе се гласаат Уставни амандмани кои никој не знае што ќе содржат. И згора на се Заев бега од дебата, бега затоа што нема одговор на суштинските прашања. Народот треба сам и без никакви влијанија да одлучи како ќе постапи на референдумот“, рече тој.
