Македонија

Заев му рекол на Каракачанов: „Аман брату, немој толку да нè сакаш“

Во интервју за ДВ по бугарското вето во ЕУ, премиерот Заев тврди дека е сигурен дека Борисов не е пречка за земјата. Тој му порачува на бугарскиот вицепремиер Каракачанов дека ја сака Македонија „на погрешен начин“, објави dw.com 

„Тврдам дека огромно мнозинство од бугарскиот народ е против блокада и пречки за македонскиот народ на патот кон ЕУ. Тврдам исто така дека и Борисов е против, затоа што тој е отсјај на својот народ. Но секако, тој има и коалициски партнери. Јас често го слушам мојот добар пријател Каракачанов. И тврдам дека тој ја сака Македонија, но некојпат на погрешен начин ја сака Македонија. Му го имам тоа и нему кажано. Тоа е како што велат ‘аман брату, немој толку да нè сакаш’. Значи тој ја сака Македонија, но на погрешен начин. Треба да продолжи да ја сака, но и да покаже дека тоа што нему му тежи и му е проблем, како што вели: Блгарски Македонец; тоа се решава“, вели Заев.

За барањата на Бугарија во преговарачката рамка со Македонија да биде вметнато дека немаме претензии за македонско малцинство во Бугарија, како и за другите бугарски барања, Заев вели:

„Јавно тврдам дека немаме ниту територијални, ниту малцински претензии, за да слушне тој и да му олесни на Бојко Борисов. Јавно тврдам дека Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија. Јавно тврдам дека заедничката историја е реалност и постои. Во таа заедничка историја се изнедриле Бугарите и Македонците, бугарскиот и македонскиот јазик. И во едни такви околности, треба тоа да го зграпчиме и да градиме пријателство и братство. Тоа е љубовта која што носи иднина“.

Текстот во целост може да го прочитате на: dw.com 

На почеток