Македонија

Боки 13 бара изземање на судијата Софче Гаврилова

Обвинетиот во случајот Меѓународен соју, Бојан Јовановски побара изземање на судијката Софче Гаврилова која го води предметот “Рекет 2” во кој тој е првообвинет. Јовановски рече дека овој судија не може да биде непристрасен при носење на пресудата.

– Вие почитувана судијо носите одговорност за мојата состојба. Фалеа само 30 минути за да фатално заврши мојата состојба. И вие самата изјавивте дека со оглед дека сте биле дел од Рекет, веќе сте оформиле мислење, па не може да се очекува дека при донесувањето пресуда за Меѓународен сојуз, нема да бидете пристрасни, рече Боки 13 во судница.

Судијата Софче Гаврилова, рече дека денешното судење нема да биде прекинато поради барањето за нејзино изземње бидејќи тоа и претходно било барано, па предлогот ќе се разгледа по завршување на денешното рочиште.

На почеток