Кемал Назири од Скопје спасува бездомни животни. Во моментов се грижи за 15 кучиња и 7 мачки. Овој 40 годишен скопјанец работи како воено лице. За себе вели дека уште од дете ги сакал животните. На ваков чекор се одлучил пред две години. Од тогаш до сега, од улица спасил околу 150 животни, објави СИТЕЛ.
За жал Кемал вели дека мал е бројот на луѓе кои сакаат да ги вдомат овие животни. Љубителите на животни можат и да волонтираат на ова прибежиште.
Текстот во целост на: СИТЕЛ.