Македонија

Денеска ќе биде доделена државната награда „22 Ноември“

Денеска во Кристалната сала на Собранието, ќе биде доделена државната награда „22 Ноември“ за 2020 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија.

Наградата се доделува на лица кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјата.

Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2020 година се проф. д-р Џеват Лоши, албанолог и акад. Али Алиу, книжевен критичар.

На почеток