Македонија

Каракачанов: Скопје сака Бугарија да ги поддржи, а тие да ни забодат нож во грб како благодарност и да не дискредитираат

Европската Унија има јасно правило што се однесува на сите, а тоа е дека нема влез во Унијата без решавање на спорните билатерални прашања, изјави бугарскиот вицепремиер, Красмир Каракачанов за БТВ.

„Скопје нема желба да ги реши овие прашања. Сметаат дека можат да се служат со трикови, како досега. Бугарија да ги поддржи, а тие да ни забодат нож во грб како благодарност и да не дискредитираат“, вели Каракачанов.

Според него, Владите во Македонија не создале услови за нормален развој на своите граѓани, туку само напнатост во земјата.

„Прво почнаа со прогон на луѓето што се нарекуваа Бугари, потоа конфликтот со Албанија, скандалите со Грција, скандалите со Бугарија – и тоа цели 28 години. Од оваа причина, некои Бугари доаѓаат од Македонија и земаат бугарско државјанство“, продолжи тој.

Според него, Бугарија јавно изјавила дека поддршката за ЕУ лежи во спроведувањето на договорот за добрососедство, кој беше потпишан пред три години. Овој договор не е спроведен, категоричен е Каракачанов.

извор: Макфакс

На почеток