Македонија

Семејството Мемиши обвинува: Хуманитарецот Али собираше донации за нашето бебе кое почина, не сме сигурни дека ни ги даде сите!

Се случува ли мега скандал со злоупотреба на донации, или некој сака да го оцрни името на Али Февзи, човекот што неодамна беше избран за маж на годината поради неговата ангажираност во помагањето на семејствата кои доживеале несреќи и се социјално ранливи?!

Ова прашање го наметна семејството Мемиши од Шутка, кое обвинува за злоупотреба на нивната семејна трагедија, во која почина нивната неколкумесечна ќерка Медина. На денот кога го закопале нивното петмесечно бебе Медина, за кое хумани граѓани уплаќале пари на сметка претставена како сметка за донации, освен тоа што се ожалостени, поминуваат и низ финансиски перипетии. Медина се оперирала во Турција, за жал неуспешно и бебето починало, објави slobodenpecat.mk.

Трошокот за патот и престојот го покрил Фондот за здравствено осигурување, односно државата, но сепак донации се собирале за пасош на бебето и за партиципација и тоа на приватна сметка на хуманитарецот Али Февзи.

Проблемот е во тоа што, како што тврдат мајката и таткото на бебето, не се сигурни дека донираните пари за нивното бебе биле собирани законски и правилно. Се плашат дека имало многу повеќе донации отколку што Али Февзи им кажал, а се жалат и дека не можат да добијат увид во изводите од банкарската сметка на која легнувале приливите, зашто станува збор за приватна трансакциска сметка на физичко лице, а не за сметка на здружение.

Февзи пак, за ,,Слободен печат” комплетно ги негира обвинувањата и е комплетно разочаран што неговата хуманост е злоупотребена.

Текстот во целост на: slobodenpecat.mk.

На почеток