Свет

Почина актерот Мустафа Надаревиќ

По долго боледување, денеска во Загреб на 77-годишна возраст почина актерот Мустафа Надаревиќ.

Тој е роден во 1943 година во Бања Лука. Дипломирал на Академијата за драмски уметности во Загреб.

Од 1969 до 2018 година беше член на Драмата на Хрватскиот народен театар во Загреб. Предаваше на загребската и сараевската академија за драмски уметности.

Помладите генерации го паметат како Изет Фазлиновиќ од серијата „Луд, збунет, нормален“.

 

На почеток