Македонија

(ФОТО) Морбидни слики од македонска болница: Двајца починати и двајца на инфузија во иста болничка соба

Морбидни фотографии од битолската болница на коишто се гледа дека двајца починати пациенти прекриени со чаршаф се во иста болничка соба со двајца живи пациенти кои примаат инфузија, ја вознемири јавноста, објави slobodenpecat.mk. 

Директорката на клиничката болница Битола, доктор Билјана Гагачовска, потврдува дека навистина ова се случило вчера во болницата во која раководи, но дека не станува збор за ковид пациенти туку за лица што починале во тријажниот оддел. Таа тврди дека законска обврска на секоја здравствена институција е пациентот кога ќе почине два часа да остане во институцијата, а дека фотографиите се снимени во тој меѓупериод, кога се информирале семејствата, кога се повикувало погребно претпријатие и кога се организирало пренесувањето на починатите во болничката мртовечница.

Раководството на болницата уверува дека ги испочитувало сите законски обврски. Сепак, фотографијата предизвика многубројни реакции, а пациентите кои останале во собата до починатите многу се вознемириле.

Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

На почеток