Коронавирусот главно се шири на големи собири и прослави, каде што луѓето седат без заштитна маска и не ги почитуваат мерките, покажуваат епидемиолошките анкети, вели Бесим Зекири, директор на Центарот за јавно здравје – Скопје за „А1он“. Кластерите тешко се лоцираат во услови кога има енормни бројки на новозаразени, вели доктор Зекири, и додава дека епидемиолошките анкети помагаат ако се спроведуваат навреме.
„Начинот на ширење главно е на големи собири, прослави, места каде што луѓето се изложуваат без заштитна маска и не се внимава на другите мерки за заштита. Тешко е да се одредат кластерите во услови на енормни бројки на новозаболени, но главните кластери се во семејствата и работните организации. Епидемиолозите веќе долго време работат прекувремено и за викенди, но и покрај тоа, анкетирањето се одвива со задоцнување. Анкетите, пак, помагаат доколку се спроведуваат навреме, а со тоа се изолираат заразените и контактите“, вели директорот Зекири за „А1он“.
Според него, додека болниците имаат доволни капацитети, може да се каже дека ситуацијата е под контрола.
Текстот во целост на: „А1он“.