Истрагата за терористичкиот напад од 2 ноември во Виена укажува на тоа дека терористот Кујтим Фејзулаи имал намера да нападне и католичка црква во центарот на градот. Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер изјави дека очигледно терористот имал намера да ја нападне црквата, следејќи го примерот на нападот во Ница.
Сега е јасно која црква била мета, а во неа се одржувала молитва на младите вечерта кога е извршен нападот.
Виенскиот дневен весник „Кронен Цајтунг“ истакнува дека 17 деца избеганале смрт поради чиста среќа.
Терористот, Албанец со потекло од Македонија, се обидел да влезе во црквата каде што се молеле младите, но не успеал во тоа, бидејќи вратите на храмот биле заклучени.