Македонија

Андоновски:Бучковски, Заев и Османи преговараат за работи за кои не се преговара, оставка веднаш!

Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Министерство за надворешни работи по мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ кажа дека никогаш не ни помислував дека некогаш ќе се протестира за еднаш изграден идентитет кој е пренесуван со децении

Дали постои друга земја за Македонецот освен Македонија? Дали постои друг народ понесреќен, потажен, пообесправен од македонскиот народ. Никогаш не помислував дека ќе треба да протестираме за еднаш даден и изграден идентитет пренесуван со децении, со генерации. За некои работи не се преговара, за јазикот не се преговара, за идентитетот не се преговара, за македонските јунаци не се преговара, за промена на учебници не се преговара.Гоце Делчев е апостолот на македонското револуционерно дело, никогаш не се борел за големо бугарските интереси за освојување на Македонија и ширење на Бугарија, тој се борел за ослободување на Македониј. Тој е апостолот на македонското движење и најголемиот Македонец и од него не смееме да отстапиме, истакна Андоновски.

Тој во своето обраќање посочи дека Владо Бучковски, Зоран Заев, Бујар ОСмани сакаат да преговараат за работи за кои не се преговара.

Владата на Зоран Заев влезе во едно неофашистичка игра и во таа игра сака да избрише се што сме да не прогласи за дрво без корен. Владо Бучковски, Зоран Заев и Бујар Османи сакаат да преговараат за работиме за кои не смеат да се преговара и затоа доста е. Време е за оставка, оставка за срамот, за лагите кои ни ги носеа дека имаме датум за преговори со ЕУ, оставка зошто рекоа дека нема да има декларација или дополнителен договор со Бугарија, а го донесоа, оставка затоа што преговараа македонскиот јазик да биде со фуснота. Основа затоа што донесоа национален срам на македонскиот народ, а не донесоа ЕУ, потенцира Андоновски.

Андоновски порача дека мора сите граѓани заеднички да се изборат против ова зло.

Да порачам дека мораме да останеме на барикадите, да не ни биде криво еден ден што додека ни го менувале јазикот, идентитетот, нацијата, додека ни ја предале државата сме седеле дома и тоа нашите и идните генерации никогаш нема да ни го простат и да останеме сите заедно можеме да си избориме против ова. Само така можеме да победиме против мафијата, да победиме за Македонија, додаде Андоновски.

На почеток