Битолската градоначалничка, Наташа Петровска, на социјалните мрежи ја сподели веста дека е позитивна на коронавирусот.
„Почитувани, резултатите од денешниот направен тест покажаа дека сум позитивна на Ковид-19.
Следните денови во согласност со препораките останувам во изолација.
Бидете во добро здравје!“, напиша Петровска во објавата на „Фејсбук“.