Магазин

Јелена Крлеуша за тешката финансиска состојба

Пејачката Јелена Крлеуша е постојано на релација Србија – Кина, затоа што нејзиниот сопруг Душко Тошиќ потпиша милионси договор со тамошниот фудбалски клуб. Тие планираат да купат авион за патувањето да им биде полесно.

Но, пејачката се потсети на својот почеток на кариерата кога немала пари. Таа не крие дека на првото гостување отишла без чорапи, затоа што немала пари за да ги купи.

„Кога почнав во 1995 година за време на војната, она што јас сакав не можев да го носам, немав од каде да го купам, а немав ниту со што да го купам“, изјави Крлеуша.

„Многу често немав пари да купам чорапи. Се сеќавам на моето прво појавување, имав огромна трема, а се појавив во фустан од сребро, од позајмен материјал, немав ниту чорапи. Бев премногу нашминкана за девојче од 16 години и изгледав 10 години постаро“, откри пејачката во една емисија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток