Свет

Силен земјотрес утрово во Драч – Албанија

Во 8 часот и 40 минути, со епицентар во Албанија регистриран е земјотрес со јачина од 4.5 степени според рихтеровата скала. Земјотресот со послаб интензитет почувствуван е и во Македонија.
Како што објавија сеизмолошките опсерватории епицентарот на потресот бил во Јадранското море, на длабочина од 10 километри, а истиoт најмногу е почувствуван во градот Драч.

Засега нема информации за материјални штети.

На почеток