Македонија

ВМРО-НП: Владата треба да дозволи увоз на сите одобрени вакцини од страна на СЗО, а граѓаните да одберат која ќе ја примат

Во поглед на дискусијата за вакцините против Ковид-19 кои треба да бидат примени во Македонија, ВМРО-Народна партија смета дека Владата на Северна Македонија треба да дозволи увоз на сите одобрени вакцини од страна на Светската здравствена организација, а граѓаните да бидат тие кои ќе одберат каква вакцина сакаат да примат, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Во продолжение на истото се додава:

Со увозот на сите регистрирани вакцини ќе се скрати времето на чекање, можноста за закрчување на здравствените институции еднаствно и полесно регулирање на целиот процес на вакцинирање.

ВМРО-Народна партија смета дека здравјето не е прашање на политика и затоа треба да се постапи според интересот на граѓаните и врз основа на тоа што може да даде најдобра здравствена заштита.

На почеток