Свет

Монах во манастирот Глоговац избоден е со нож во градите – се трага по непознат маж

Монахот од Манастирот Глоговац, отец Стефан е убиен синоќа во Шипово. Според првичните информации, тој најверојатно е избоден со нож.

Сепак, според она што мештаните го објавија на социјалните мрежи, монахот е убиен од засега непознат маж.

На Фејсбук страницата на Манастирот е објавено:

Во неверување и тага ги известуваме сите поклоници на Манастирот Глоговац дека денеска 7. декември во вечерните часови непознат сторител со нож го усмртил долгогодишниот монах, Стефан. Сите детали за ова злосторство ќе и’ бидат дополнително соопштени на јавноста после истрагата на полицијата, како и времето на погребот.

Неофицијално, полицијата трага по маж, кој може да биде поврзан со злосторството, но детални информации од надлежните органи не се објавени.

Манастирот Глоговац е средновековен манастир на Српската православна црква посветен на Светиот великомаченик Георгиј. Се наоѓа околу 15 километри јужно од Шипово, во Република Српска.

На почеток