Магазин

Монт Еверест „порасна“ за 86 сантиметри

Највисоката планина на светот Монт Еверест е повисока за 86 сантиметри од досегашниот официјален податок, објавија во заедничко соопштение Кина и Непал, пренесуваат агенциите.

Сегашната официјална височина на „Покривот на светот“ би изнесувала 8.848,86 метри, наспроти досегашните 8.848 метри, што беше прифатен резултат од мерењето на индиските научници од 1950-те години.

Ревидираната височина на снежниот слој на врвот Еверест заеднички ја објавија кинескиот и непалскот министер за надворешни работи, Ванг Ји и Прадееп Кумар Гјавали по истражувањата од двете земји.

Непалската експедиција којашто беше на врвот минатата година, и кинеската којашто се искачи годинава, новата височина ја измериле користејќи го глобалниот навигациски сателитски систем (GNSS), радари за снимање под површината, скенери, антени и друга опрема која ја носеле со себе.

 

На почеток