Македонија

Захариева: Во учебниците во Северна Македонија Бугарите се уште се претставени како фашисти. Како би се чувствувале вие, кога 75 години по војната некој се уште би ве претставувал како фашист?

Најголемиот проблем во односите со Северна Македонија се недоволните гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство, истакна бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за германскиот јавен сервис „АРД“, додавајќи дека Софија нема да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори се’ додека тие гаранции не станат дел од преговарачката рамка.

– Бугарија сака да биде признаена историската вистина. Тоа не беше проблем за Северна Македонија кога се потпишуваше договорот – тоа заедничко минато кое треба да не поврзува, а не да не разделува. Ние не велиме, овие херои се само наши. Ние велиме, тоа се заеднички херои. Тоа е модерно размислување на две земји, особено доколку сакаат да бидат заедно во ЕУ. Не може секојпат кога некој во Северна Македонија јавно ќе каже дека некој од овие херои бил Бугарин, да биде јавно линчуван – истакна Захариева, која изнесе и забелешка што се однесува на историските учебници во Македонија.

„Во учебниците во Северна Македонија Бугарите се уште се претставени како фашисти. Како би се чувствувале вие, кога 75 години по војната некој се уште би ве претставувал како фашист?”, вели Захариева.

Извор: Нова Македонија 

.

На почеток