Македонија

НУК незадоволна од препораките на Комисијата за заразни болести – ниту едно барање од комората не е прифатено

Ниту едно барање од Независната угостителска комора (НУК) не е прифатено на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести на кој требаше да се дискутира и да се донесат одлуки и препораки за тоа како ќе работат угостителските објекти во наредниот период., истакна на денешната прес-конференција Здравко Јосифовски од Независна угостителска комора пред Министерството за здравство.

– Она што се плашевме, тоа и навистина се случи. Ние денеска бевме само гости. На кратко ни беше напоменетао од министерот Венко Филипче дека угостителските објекти се планира да бидат затворени во 18 часот изјави Јосифовски.

Јосифоски додаде дека на време и во писмена форма ги доставиле своите барања до Комисијата за заразни болести, а потоа им било овозможено на секое прашање да дадат кратки одговори.

-Ниедно од нашите барања не само што не беше разгледано, дискутирано, дебатирано или овозможено понатамошна дискусија, сите барања претпоставувам дека беа отфрлени ад хок затоа што решението за денешното затворање, односно ограничување на угостителските објекти беше донесено пред време. Денеска беше едноставно само фарса пред јавноста и пред Комората, на некој начин да се укаже дека одлуките, што наумиле и ќе ги носат без разлика на реалноста и ефектите што тие ќе ги предизвикаат, рече Јосифовски.

Според него тие мерките ќе  ги испочитуваат, ама не знаат кои угостители и дали ќе можат да работат со новите мерки.

 

На почеток