Прославата во Штип заврши со гушкање и блех музика, повторно средства не се бираа за да се оствари целта, дали пред очите на јавноста или не, ним ништо не им менува.
Денес алиби мерките продолжуваат да се заоструваат, како по обичај најголеми жртви угостителите, полигон за показна вежба и можност за добар ПР, се вели во објава на ФБ.
Во продолжение на истата се додава:
Тој што наумил пред новогодишно да оди во кафана, ќе оди, дали од 14ч до 18ч или од 17ч до 21ч е исто, само се прави полошо, со поголема концентрација на луѓе, во помала временска рамка. Мерките што веќе еднаш го скратија работно време на угостителите, не донесоа никакви резултати во однос на бројот на заразени, воедно до сега не е регистриран ниту еден кластер од угостителски објект.
Што прави владата со ваквите потези?
Носи мерки без никакви резултати, а знае добро дека за да има резултат единствена мерка е целосно затварање, но во тој случај ќе треба да исплати помош и субвенции, барем колку да се покријат придонеси и режиски трошоци, а ние сме речиси банкротирани и во рецесија, па оттука за такво нешто нема простор.
Дали конечно комисијата или министерот ќе преземат одговорност, ако во јануари и февруари бројките растат, поради групирање во станови и викендици за празниците, каде немам никаква контрола, за разлика од угостителите што 90% ги почитуваа протоколите за работа?