Вечерта на 25 септември, е извршена кражба во домот на познатата пејачка Ријана.
Властите отвориле истрага откога било пријавено дека вила вредна 7 милиони долари е обиена, изјавил за USA Today Џеф Ли, службеник на полициската служба за информирање на јавноста во Лос Анџелес.
„Пред да дојде полицијата забележани се три црни мажи кои ја напуштиле локацијата“, вели Џеф.
Според светските медиуми, на полицијата се уште не и е познат идентитетот на крадците, ниту пак знаат што е украдено од луксузната вила.
„Полицијата ќе провери дали може да се види нешто на сигурносните камери. Доколку на камерите се гледаат крадците снимките ке се објават со цел истите да се идентификуваат што е можно побрзо“, рече Ли.
Во моментот кога крадците влегле во куќата познатата пејачка не била дома.
Ова е втор пат оваа година полицијата поради кражба да дојде во вилата на Ријана. На 9 мај, Едуардо Леон поминал 12 часа во вилата,, откако се прекачил преку оградата, соопши тогаш полицијата.
