Македонија

Полицијата прекина свадба во Врапчиште на која се веселеле 30 лица

Во попладневните часови на 18 декември полициски службеници од СВР Тетово го уапсиле 56-годишниот А.З. од гостиварското село Врапчиште, кој организирал свадбена прослава во време на епидемија.

Како што информираат од МВР, пред куќата на 56-годишникот била организирана свадбена веселба, на која присуствувале триесетина лица.

Тој е задржан во полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На почеток