Македонија

Вучиќ: Македонија го смени името, им ветуваа кули и градови, а на крајот не ги отворија преговорите

Македонија дури и името го смени, а ЕУ ни тогаш со таа земја не ги отвори пристапните преговори, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, јави допсиникот на МИА од Белград.

Тој со ова одговори на новинарско прашање во специјална емисија на ТВ Прва, зошто ЕУ нема отворено ниту едно преговарачко поглавје со Србија.

– Навистина има многу работи што треба да ги направиме подобро и поинаку, ги започнавме и ќе продолжиме. Но, да ги поставиме работите сосема отворено. ЕУ не отвори преговори со Македонија која дури и го смени името на државата, а тие им ветуваа кули и градови, и нема со што се не ги измамуваа, а на крајот не ги отворија преговорите, кажа Вучиќ.

 

На почеток