Македонија

Мајка за МКД раскажува – Нема потешко за една мајка од тоа децата да бараат храна, а да немате од каде да им ја дадете

Триесетгодишната Радица, на чие лице маките си го наплатиле данокот, за МКД.мк раскажува дека нема потешко за една мајка од тоа децата да бараат храна, а да немате од каде да им ја дадете. Ваквиот суров живот ова семејство го живее со години.

„Живееме под кирија овде во Драчево, но и овде гледате какви ни се условите. Немаме вода, нема дрва за греење, сите седиме во една соба. Се грееме со даски што мојот сопруг ги собира. Двајцата немаме лични карти и немаме како да земеме ниту социјална помош. И мојата и неговата лична карта се изгубени, а немаме пари да ги пријавиме, ниту пак да извадиме нови“, раскажува Радица Зафировска, која дома седи во јакна.

Оваа жена вели дека кога со сопругот стапила во брак и кога им се родила најстарата ќерка, која денес има 12 години, живееле во пристојни услови во куќата на нејзините родители во Драчево.

Нејзиниот, но и животот на нејзиното семејство комплетно се променил откако починал нејзиниот татко. Во куќата каде што живеела сега живеат нејзината мајка и нејзиниот брат, кој е фамилијарен и просторот не дозволува сите да живеат таму, а немаат ниту можност да ѝ помогнат.

Текстот во целост на: МКД.мк

На почеток