Нова, трета варијанта на коронавирусот се чини дека се појави во Нигерија, изјави денеска шефот на африканските центри за контрола и превенција на болести, Џон Нкенгасонг.
Тој додаде дека затоа е потребно да се спроведе дополнителна истрага.
Според првичните податоци, станува збор за различна варијанта во споредба со оние во Велика Британија и Јужна Африка, изјави Нкенгасонг пред новинарите, а пренесе АП.
Тој посочи дека нигерискиот центар за контрола на болести и африканскиот центар ќе анализираат одреден број примероци.
„Дајте ни време… Сè уште е многу рано“, рече африканскиот експерт.