Етничката припадност на граѓаните во иднина ќе биде запишана и во нивните лични карти, доколку Собранието ги донесе измените на Законот за лична карта, што пред неколку дена ги поднесоа четворицата пратеници на владејачката Беса, објави 360stepeni.mk.
Предлог-измените се поднесени во скратена постапка, со оглед на тоа што со нив се интервенира во само неколку члена. Од Беса очекуваат поддршка и од другите пратеници од владејачкото мнозинство за донесување на законот, за кој, како што велат, била постигната согласност при потпишувањето на договорот за коалицирање со СДСМ, пред годинашниве парламентарни избори.
Вакви измени на Законот за лична карта, како што вели пратеникот на Беса Кастриот Реџепи, беа предложени и во минатиот собраниски состав, ама не дојдоа до гласање поради распуштањето на парламентот.
„Претходната влада, исто така, тогаш поднесе и други измени на Законот за лична карта, со цел оваа материја да се усогласи со уставните амандмани што произлегоа од Преспанскиот договор и со Законот за прекршоци, во делот на намалување на казните. И тие решенија сега се дел од измените што ги предлагаме“, вели Реџепи за „360 степени“.
Текстот во целост на: 360stepeni.mk.