На 23.12.2020 во 16:00 часот во просториите на Одделението за внатрешни работи Прилеп, К.Д.(49) од Прилеп пријавила дека околу 15:40 часот во цвеќарница во Прилеп едно лице сакало да купи производи со банкнота од 50 евра по што, при обид во менувачница да ја замени банкнотата, пријавителката била известена дека е фалсификувана.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
