Македонија

Боки 13 поднесе шест нови кривични пријави против лекари, судии, обвинители …

Боки 13 денеска поднесе шест нови кривични пријави во обвинителството. Неговиот адвокат не кажа конкретно против кои лица се поднесени. Кривичните пријави се за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно лекување на болни, тортура како и обид за убиство.

Летово Боки 13 поднесе 40 кривични пријави. Тој е осуден на 9 години затвор во случајот „Рекет“ а му се суди за злоупотреби и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“.

На почеток