Свет

Каракачанов повторно провоцира – и Исус Христос бил Македонец

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов ги обвини македонските власти за ширење омраза кон Бугарите. Тој рече дека на крајот од дебатата за националниот идентитет, ќе излезе дека „ и Исус Христос бил Македонец“.

„Од времето на Југославија, населението се учи да мрази… Албанци, Грци и Бугари. Тие ги сакаат само Србија и Србите. За нив, ние сме Татари, фашисти и окупатори“, рече Каракачанов.

Бугарскиот официјален претставник рече дека, судејќи според дебатата што трае со месеци, македонската нација постои уште од времето на апостол Павле и дека „и Исус Христос бил Македонец“.

Изјавата на вториот човек на бугарската влада следи по низата критики на европските претставници кон властите во Софија, кои го блокираа почетокот на преговорите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ.

На почеток