Енормно е загадувањето во главниот град. Густа магла имаше синоќа во сите делови од Скопје, а речиси сите мерни станици се обоени во виолетова боја, која покажува дека концентрацијата на штетните честички во воздухот е опасна.
Апликацијата „Мој воздух“, која ги покажува мерењата и на волонтерските и на државните мерни станици, најголемо загадување покажува на мерната станица кај МВР на Водно. Со 229 мерни единици, квалитетот на воздухот е опасен за здравјето на граѓаните.
Според мерењата од 20 часот, најзагадено со ПМ10 честички било скопско Маџир Маало, каде што нивната концентрација била седум пати над дозволената со измерени 426 микрограми на еден кубен метар. Дозволена вредност на ПМ 10 честички во воздухот е 50 микрограми на еден кубен метар.
Загадување има и во сите останати делови од градот, а државните мерни станици покажуваат загадување и во другите градови.