Свет

Хрватска на нозе -штетите од земјотресот огромни, урнати станови и згради, огромна штета и на болницата

Силниот земјотрес што ја погоди Хрватска денес, предизвика страшна материјална штета во Петриња,  местото каде беше епицентарот на земјотресот.

Сликата по земјотресот страотна.  Урнати станови и згради, а голема штета претрпела и болницата во Сисак, која е оддалечена само 15 километри од Петриња.

Директорот на болницата, Томислав Дујменовиќ, изјави дека состојбата воопшто не е добра.

„Штетата е огромна, урната е целата единица за интензивна, хирургија, поголемиот дел веќе не е за употреба. Сега ќе се селиме во нова зграда. Министерот исто така контактираше со нас, мора да ги испратиме пациентите на респиратори. Не знам дали има повредени, но голем број доаѓаат од Петриња“, рече тој.

Според репортерите на телевизијата Н1, во тек е евакуацијата на пациентите сместени во ковид-одделот во болницата во Сисак. Тие велат дека се транспортираат 100-200 лица.

На почеток