Свет

Во Швајцарија почина лице кое меѓу првите прими вакцина против КОВИД 19

Во Швајцарија почина едно лице, кое беше меѓу првите вакцинирани против Ковид-19, соопштија властите на кантонот Луцерн, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, тие не наведоа дали смртта е поврзана со инокулација.

„Ние сме свесни за случајот“, рече портпаролот, додавајќи дека работата е упатена до швајцарскиот регулатор за лекови „Свисмедик“.

Кантонот не објави детали, вклучувајќи го и времето што поминало помеѓу времето кога лицето ја примило вакцината и времето на смртта.

 

На почеток