Свет

(ВИДЕО) Свлечиште во Норвешка проголта десетина згради – 10 лица повредени, 26 се водат како исчезнати

Десет лица се повредени од кои едно се наоѓа во критична состојба, додека 26 се водат како исчезнати откако свлечиште на југот на Норвешка однесе десетина куќи во раните утрински часови.

Исчезнатите се од најтешко погоденото подрачје, а спасувачките екипи се во потрага по преживеани. Засега не е јасно дали се наоѓаат во урнатините, или успеале да побегнат на време.

Началникот на локалната полиција изјави дека подрачјето и натаму е нестабилно и дека може да се пристапи само со хеликоптер.

На почеток