Свет

Британија на полноќ го напушта единствениот пазар на ЕУ

Двата дома на британскиот парламент го одобрија трговскиот договор кој сега треба да биде одобрен од кралицата Елизабета Втора за да стапи на сила денеска во 23 часот по локално време. Претходно, британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон го потпиша трговски договор склучен со Европската унија за трговските односи меѓу двете страни од први јануари. Џонсон изјави дека документот претставува „почеток на прекрасна врска меѓу Британија и нејзините пријатели и партнери во ЕУ“.

Пред него, договорот вчера во Брисел го потпишаа претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Неговата примена ќе биде привремена се додека не биде ратификувана од Европскиот парламент. Британија и ЕУ постигнаа договор за идните трговски односи на 24 декември, по конечното разделување на двете страни, за што Британците одлучија на референдумот во 2016 година. Британија се повлече од членството во ЕУ на 31 јануари годинава, а преодниот рок истекува на 31 декември, кога Лондон ќе ги напушти единствениот пазар на ЕУ и царинската унија.

На почеток