Свет

Тлото во Петриња не престанува да се треси, во текот на ноќта неколку потреси

Продолжуваат потресите во Хрватска. Во текот на изминатата ноќ, поширокото подрачје на Петриња беше погодено од најмалку четири нови земјотреси, а најсилниот од нив беше 3,8 степени според Рихтеровата скала, пишува Индекс.

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала се случил во 4 часот и 36 минути, во 5:30 часот имал земјотрес со јачина од 3,1 степен, а со иста јачина бил и оној што се случил во 6 часот и 25 минути.

Сеизмолозите предупредуваат дека слична ситуација се очекува во наредните денови, па дури и недели.

Вчера попладне беше објавено дека се почувствувани 66 земјотреси во последните 58 часа во централниот дел на Хрватска.

На почеток