Свет

Во Србија утрово пуштен во употреба „Балканскиот ток“, овој гасовод е од големо значење за нашата економија, вели Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово го отвори утрово Балканскиот ток, новиот гасовод кој води од бугарската до унгарската граница. Србија преку гасоводот обезбедува енергетска стабилност и безбедност, што е важно за привлекување нови инвеститори, изјави Вучиќ.

 

– Луѓето помалку користеа гас во домаќинствата, кој е подобар и почист, но сега ќе се обидеме да ја прошириме секундарната мрежа, пред се на југот на Србија, во Ваљево, Нови Пазар, на многу други места – изјави денеска претседателот на Србија.

– Овој гасовод е од големо значење за нашата економија. Честитки за сите кои работеа на тоа, ова е важен ден за нашата земја, истакна Вучиќ.

Како што известувааат српските медиуми набавната цена на гасот преку овој гасовод е до 155 долари, со многу пониски трошоци за транспорт отколку преку другиот гасовод преку кој досега се снабдуваат.

Името на овој проект на почетокот беше „Јужен ток“ и требаше да поминува и низ Македонија, но политичката одлука за овој проект на Русија беше негативна.

На почеток