Со голема тага ја примив веста за оваа прерана загуба на нашиот виолинист, професор и солист, Зоран Џорлев, пишува премиерот Зоран Заев.
„Неговите виртуозни изведби и обработки на македонски народни, филмски и џез композиции ќе останат како огромно непроценливо богатство на народната ризница.
Од мое лично име и од име на Владата изразувам искрено и длабоко сочувство. Нека е вечен споменот!“, посочи Заев.