За другата страна на Глобал. Надворешно зградата е убава. Но, внатре е вистински хорор.
На огромен простор на целото приземје расфрлани на големи тезги се продава едно до друго овошје, патики, влечки, зеленчук, обувки, делови за домашни уреди, детски играчки, разноразна облека… и каква ли се не стока на купче, напиша на својот ФБ профил претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.
Бачев во објавата додава:
Внатре силна отровна миризба на гума на простор со прехранбени производи иако на секој му е јасно дека од памтивек зелените пазари биле на отворено.
Зградата е со повеќе катови, а функционална е само до вториот кат, нагоре е празно и со некаков празен паркинг простор.
Свесно или несвено, некој го замислил овој промашен објект од нему познати цели, кој содржински е едно големо ништо и на погрешно место⁉️